Лавров: Западот сакаше да покаже кој е „газда“ во Европа

На прес-конференција на Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров за прашањата на европската безбедност кажа дека западот во деведесетите сакаше да докаже кој е газда во заедничката европска куќа.

„Од 1990-тите, на Западот му беше принципиjално важно да докаже кој е газда во заедничката европска куќа која сите колективно се обврзаа да ја градат. Всушност, од таму потекнува озлогласениот концепт на ‘светски поредок заснован на правила’.

Рускиот Министер за надворешни работи потсети на однесувањето на Западот кое го демонстрираше врз Југославија во периодот кога чувствуваше апсолутна доминација на европскиот континент.

„Западот уште тогаш ги сметаше овие ‘правила’ како составен дел од својата позиција на светската сцена. Токму тоа чувство дека западните ‘правила’ можат да го решат секој проблем без консултација со никого, го наведоа Западот да дозволи речиси 80 дена варварско бомбардирање на Југославија, уништувајќи ја целата нејзина цивилна инфраструктура.“

Лавров констатираше дека Западот сакајки да демонстрира моќ, ги згази принципите за европската безбедност прекршуваќи ги Хелсиншките принципи.

„Се сеќаваме на агресијата врз Југославија, бидејќи нејзините резултати сè уште ‘одекнуваат’ до ден-денес. Овој чекор беше флагрантно кршење на Хелсинките принципи. Тогаш, во март 1999 година, членките на НАТО, сакајќи да покажат дека се им е дозволено, ја отворија ‘Пандорината кутија’, газејќи ги темелите на европската безбедност прогласена во ОБСЕ.“