Симонов: Многупати сме украдени за пари – Овојпат нè крадат за животи

  • Фејсбук статус на Александар Симонов – Координатор на Левица – Сектор надворешна политика

Многупати сме украдени за пари – Овојпат нè крадат за животи! Повикувањето на пресумпција на невиност и супер, ама не мислите дека некако сите се невини, и за Дурмо, и за Беса, и за Модуларната, и за малата Јана, и за малата Тамара, и за убиства на пешачки, и за што уште не… Епа дечки кога тие што треба да ви судат не ви судат, време е на народниот суд да излезе на улица. Секое злодело има Име, Презиме и Очество.

Да се обидете да заташкувате и релативизирате, станувате нивни соучесници. Нема што да се дискутира, луѓе буквално се убивани додека им се зимани нивните последни пари за живот, свесно и со умисла! Или се бориш против убијците или си нивен соучесник, евентуално потенцијална жртва. Ова се убиства за профит!

Премиерот ви кажа дека криминалот е мултипартиски и мултиетнички, епа вака:

Мултипартиски – Замисли твој близок или член на твоето семејство можел да биде денес жив, ама не е, заради бизнисот на онкологија, и ти не искачаш на протест, зашто од партија така ти рекле!

Мултиетнички: Замисли твој близок или член на твоето семејство можел да биде денес жив, ама не е, заради бизнисот на онкологија, а ти не излегуваш на протест пошто одговниот е Албанец (Влав, Турчин или Ром), зашто лекарствата ги пратиле на Косово!

Многу пати сме украдени за пари, Беса, Дурмо, Модуларна и се останато, покажува дека не крадат за животи! Прашањето на живот не е партиско, туку политичко! Не го тупи, искачај на протест, Денес во 6, пред Влада! – На амбасадите не им е важен твојот живот!

p.s. Ако лидерот на владејачката партија и премиер ви кажа дека криминалот е мултипартиски, почекајте да видите кои партии нема да повикаат денес на ,,ПРОТЕСТ против организираните убиства на Онкологија!” за на сите ви стане појасно до каде се спремни да играат со нашите животи!