(Видео) Претседателот на УМС лажел дека присуствувал на седницата на која се гласаше за субвенции на ЈСП

Раководителот на Црвена Младина, Марио Јанески, на својот фејсбук профил објави снимка каде претседателот на УМС, Сергеј Попов, не присуствува на седницата на Советот на Град Скопје. На оваа седница се гласаше за субвенции за платите на вработените од ЈСП, од што зависеше и самиот превоз на студентите. Овој амандман помина при вториот обид, каде повторно не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Не ми е јасно како можи еден млад советник кој е истовремено претседател на Унијата на млади сили на ДПМНЕ, да не присуствува на точка од која зависи јавниот превоз во Скопје кој е НЕОПХОДЕН за сите СТУДЕНТИ, и тоа на сред испитна сесија? Ова е доказ дека младите во ДПМНЕ и СДС се таму од две причини: или функција или вработување..Идеологијата е мртва одамна во овие две партии… – напиша Јанески на својот профил.

Претходно претседателот на УМС Сергеј Попов демантираше дека не присуствувал на седницата на која се гласаше за плати на работниците во ЈСП. Во прилог видео од седницата: