(Фото) Инфомакс: Како советниците на ДПМНЕ договараат да ги зафркнат вработените во ЈСП

Советникот во Град Скопје и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Стефан Андоновски се договора со ПР тимот во штабот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои член е и екс-пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски како да ги зезнат вработените во ЈСП кои немаат земено плата.

Во групата членови се извесна Иванка и извесен Никола Дудуловски!

Дудуловски му пишува на Андоновски: „Мислев на одлуката со која ќе им се дадат пари на ЈСП? Ако не е ВМРО да ги зезне да ги зезнеме и сеа ние да предложиме“.

Инаку претходно советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани за одлуката за субвенционирање на ЈСП со што одлуката не помина и вработените беа оставени без плата.