Пратеникот и Советникот oд Левица на протест со родителите во Чашка

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, заедно со советникот во општина Велес, Димитар Абрашев, денес беа дел од протестите на родителите во општина Чашка, кои подолго време протестираат против самоволието на директорката ЕЛЕНА НИКОЛОВА.

Пратеникот, заедно со родителите, три часа протестираше пред училиштето „Тодор Јанев”, каде директорката Николова НЕЗАКОНСКИ се обидува да воведен албанска паралелка. Левица неколку пати алармираше дека не се исполнати законските услови за воведување на албанска паралелка и дека ваквото безаконие на најнеспособниот министер за образование НЕМА да помине!