Кои пораки беа испратени на форумот за светските цивилизации во Н.Р. Кина

Раководителот на Црвена Младина, Марио Јанески деновиве е единствениот учесник од Европа на младинскиот форум во склоп на „Деветтиот Нишан форум за светските цивилизации“, во кој учествуваат претставници на организации од ширум светот. На својот профил на Социјалните мрежи Јанески Сподели кои пораки беа испратени на форумот за светските цивилизации.

Пораката која беше испратена од политичари од Народна Република Кина и од земји од глобалниот југ, претставници на Обединетите Нации, професори, експерти на “Деветтиот Нишан Форум на Светските Цивилизациии” накратко беше:

-Живееме промени кои не се случиле со години.
-Светскиот поредок се менува, светот станува мултиполарен.
-САД и Западна Европа мора да сфатат дека економијата и планетата не им припаѓаат само нив, туку подеднакво на сите цивилизации.
-Хегемонијата на Западот е на повидок да заврши благодарение на развојот и напредокот на Н.Р Кина.
-Државите треба да соработуваат само со взаемна корист и меѓусебно почитување и разбирање.
-Конфучијанизмот и неговото учење да се искористи за зближување на сите цивилизации, народи и за мир.
-Од САД за жал не се очекува разбирање на културните разлики, историја и карактеристики на другите затоа што се земја практично без никакво минато и историја за разлика од Истокот каде што цивилизацијата има долго минато и каде што ден денес се учи древната филозофија на Конфучиј.

Македонија би требала посериозно да ги следи геополитичките промени во светот, затоа што токму од хегемонијата и империјализмот на Западот ние практично сме на работ да останеме народ без држава.