СДСМ со државни пари плаќа ширење пропаганда за бегството на Мијалков?!

Владината ПиАр служба подготвила стратегија за извлекување на СДСМ од големиот скандал со бегството на поранешниот прв човек на тајната служба Сашо Мијалков, која во циркуларна порака им е испратена до партиските функционери, велат за НетПрес револтирани извори од владејачката партија.

Според документот за кој се тврди дека е испратен до избраните функционери на СДСМ кој го пренесуваме подолу, се даваат насоки како тие да се однесуваат во контактите со медиумит и јавноста, во настојувањата да се минимизира штетата која скандалот ѝ ја нанесува на партијата.

ПОРАКИ ЗА БЕГСТВОТО НА МИЈАЛКОВ
(во случај на јавна интеракција на претставниците на извршната власт, ова се пораките до кои сите треба строго да се држиме)

Јавноста очекува одговори, решителна акција и одговорност! Загрижени сме исто колку што ни е загрижен и народот.

Сѐ уште не е лоцирано лицето за кое беше изречена мерка притвор и за кој сите очекуваме пресуда во судењето за случајот Таргет Тврдина, тоа е обвинетиот Сашо Мијалков.

Сите надлежни институции, согласно своите надлежности имаат обврска да го лоцираат и да постапат по судската наредба односно да го обезбедат во изречениот притвор.

Целиот наш народ очекува детално објаснување, Јавното обвинителство, Судот и МВР се должни да дадат јасни одговори на сите прашања за овој случај.

Нема компромиси со правдата и одговорноста. Ваквите ситуации ја рушат довербата во системот и нема да ги толерираме.

Одговорност мора да има, граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди“, се наведува во пораката за која нашите извори тврдат дека го добило водството на СДСМ.

Притоа забележлива е интенцијата да се минимизира и релативизира големината на скандалот кој несомнено уште еднаш ќе ја избламира Македонија на меѓународната сцена, како и вината да се лоцира во правосудните органи.

Интригантно е и тоа што вината се насочува и кон Министерството за внатрешни работи, за чиј прв човек Оливер Спасовски меѓу социјалдемократите се зборува дека во претконгрениот период, пројавувал амбиции за зголемено влијание во партијата.

Пренесува netpress.com.mk