Кризата на капитализмот и недостатокот на храна (дел први)

  • Пишува Никола Петров – Координатор на Левица – Земјоделски сектор

Слабите жетви на житните култури, неплодната почва и зголемената сиромаштија со храна ги погодуваат поголемиот дел од малите фармери ширум светот, особено на глобалниот југ.

Во мај, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека бројот на луѓе кои живеат во услови на глад е зголемен за повеќе од 500% од 2016 година, а повеќе од 270 милиони луѓе сега живеат во екстремна несигурност со храна.

Kлиматските промени и капитализмот се основните фактори кои придонесоа за оваа глобална вонредна состојба со храна.

IPCC (Intergovernmental Panel on Climate Change) процени дека до 2030 година, глобалното затоплување ќе го намали просечното светско земјоделско производство за повеќе од една петтина. Во Замбија, жетвата на пченка за 2021/22 се очекува да се намали за една четвртина поради сушите и поројните дождови  помеѓу 2019 и 2021 година, според Министерството за земјоделство.

Во меѓувреме, Индија и Пакистан ги доживееја своите највисоки регистрирани температури во март и април од почетокот на евиденцијата пред 122 години. Оттогаш Индија го забрани извозот на пченица (откако владата не купи доволно пченица за да ја покрие програмата за безбедност на храна), што дополнително го влоши глобалниот недостиг на пченица и зголемените глобални цени на храната. Цените на пченицата се зголемија за 59 отсто од почетокот на 2022 година.

Но, климатските и прехранбените кризи не се изолирани феномени. Тие се резултат на глобалниот капиталистички систем  и неолибералната агенда – што им даде приоритет на големите корпоративни земјоделски профити пред луѓето и планетата.

Корпоратизација на земјоделството – или таканаречената „Зелена револуција“, почна во Индија кон крајот на 1960-тите. УСАИД и фондацијата Форд воведоа високо-приносни хибридни култури, полуџуџеста сорта на ориз, заедно со зголемена употреба на пестициди, ѓубрива и многу вода. На овие високоприносни култури им е потребна многу вода.

Оваа промена кон интензивно земјоделство и попрофитабилни монокултури, ги направи малите земјоделци позависни од скапите хемиски ѓубрива, принудувајќи ги на сѐ поголеми долгови. Во Индија, 10.677 земјоделски работници беа пријавени дека си ги одзеле животите во 2020 година, многу од нив влезени во финансиско ропство од зголемените долгови кои произлегуваат од високите трошоци на овие земјоделски инпути.

Виновни се и неправедните трговски услови и глобалното кредитирање – наметнати од мултилатералните финансиски институции како што се Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Програмите за структурно прилагодување (ПСА), воведени од Светска банка по должничката криза низ Латинска Америка и Африка по нафтената криза во 1979 година, ги принудија посиромашните земји да ги приватизираат своите јавни сектори и да ги намалат нивните механизми за благосостојба.

Придржувањето до строгите диригирани пакети на политики во речиси секој клучен сектор – од земјоделството до образованието и здравството – стана задолжително во замена за било какви идни заеми од СБ или ММФ.

Замбија: приватизација на семето

Во Замбија, на пример, агендата за структурно прилагодување вклучуваше приватизација и либерализација на системот за семе. Започна со либерализација и дерегулација на ZAMSEED во средината на 1990-тите, што доведе до пад на поддршката за земјоделските задруги.

Корпоративната контрола во земјоделството почна да ја слабее безбедноста на храната, раководството со системите за семиња преминаа од рацете на земјоделските задруги во корпорациите, при што се даде приоритет на профитот.

„Системите за семиња управувани од земјоделците се заменети со комерцијални системи за семиња“, рече Чилиња. „Повеќето мали земјоделци не можат да купат семиња по комерцијална цена и затоа не можат да одгледуваат храна“.

Овие комерцијални семиња се исто така поранливи на екстремни временски услови. „Повеќето луѓе се фокусираат на готовинските култури на сметка на другите култури кои се поотпорни на екстензивните временски промени. Во пресрет на екстремните временски промени како оние во 2020 и 2021 година, земјата запаѓа во недостиг на храна“, додаде Чилинија.

И покрај тоа што малите земјоделци  зафаќаат помалку од 25% од обработливото земјиште во светот, тие обезбедуваат 70% од светската храна.

Во Африка се поизразени се разни  движења на малите фармери кои се против „Големата филантропија“, како што е контроверзната Алијанса за зелена револуција во Африка (АГРА) , финансирана од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, која има корпоративни интертеси.

Феноменот на „отпад на храна“ е голем проблем во капитализмот. Дури и да се вратиме неколку стотици години наназад, за повеќето луѓе би било невозможно да поверуваат дека светот би можел да се соочи со криза на глад и фрлање храна во исто време. Капитализмот и тркачкото темпо на технологијата во служба на максимизирање на профитот се здружија за да формираат супер-криза на отпад и уништување.

Додека постојано расте бројот  на луѓе во империјалистичките земји кои се соочуваат со глад, сиромаштија и несигурност,  во угнетените  земји  стотици илјади умираат од недостаток на чиста вода и храна.