Ванковска: Како Британците и кафените сахиби се грижат да не ја чуете вистината: Ќе ја наречат штетни наративи

На МТВ ја видов (божем) бесплатната програма за „едуцирање“ на граѓаните против т.н. штетни наративи. Изведувач на програмата е Институтот за комуникациски студии, а спонзори се Британците (тие плаќаат). Биле толку брзи во „склепување“ на оваа „образовна програма“ што успеале како лош пример да ја вметнат онаа размена за „измеќарувањето“ што ја започна Мицковски на денот кога (божем) собираа потписи. Има тука и други (не толку) суптилни пораки, па дури и пораки да се чувате од екстремизам и национализам. Тие сметаат дека вистината е штетна за вас, вели Билјана Ванковска.

-Дека е ова пропагандна, ане образовна програма се гледа и од Марс. Ова е толку бедно и проѕирно искористување на идејата за информирани граѓани, за криичка мисла и слобода на говор за вршење политичка пропаганда во насока на одржување на (гео)политичкиот статус кво.

-Се прашувам, толку ли се исплашија од наративот што го нудиме јас и Левица? Сега ќе не’ етикетираат како штетници и екстремисти, само затоа што ја зборуваме вистината без ракавици. Како што велеше Орвел (Британец по потекло, ама од оние антиимперијалистите): во време на општа измама кажувањето на вистината е револуционерен чин. Е па, баравте револуција – ќе ја добиете, па таман и да не’ исклучите од политичкиот процес (слично како што бара Бујар Османи).

-Предмалку ми наиде една стара карикатура од западен весник (од 1962), во која полицијата му објаснува на уапсениот дека не го приведува за лажни вести (озборувања) туку за ширење на фактите.

Ете, само да си знаете дека изборите ќе бидат ептен интересни – исплашени се дека некој ќе ја каже ВИСТИНАТА! Тоа е дека Царот/Императорот е гол, како и неговите локални сахиби, додава Ванковска.