IN MEMORIAM Абдула Сидран: Да беше Југославија 100 пати полоша, пак ќе беше 100 пати подобра ова што по неа настана

Истакнатиот босански писател Абдулах Сидран почина во саботата во Сараево на 80-годишна возраст по тешко боледување, објавија локалните медиуми.

Покрај неговата литературна работа, Сидран е познат и како сценарист на некои култни филмови како „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ и „Татко на службен пат“.

Неговиот писателски опус, започнат во 60-тите години на минатиот век, го одбележаа делата „Откуп на сирова кожа“ и стихозбирките „Морија“, „Сараевска збирка“, „Сараевски табут“, „Солзите на мајките на Сребреница“, „Планета Сараево“, „Зошто тоне Венеција“.

Ќе остана запомнет и по изјава „Да беше Југославија 100 пати полоша од ова што го кажуваат, пак ќе беше 100 пати подобра ова што по неа настана“.