Апасиев: Бермудскиот триаголник во нова заседа против Левица

Драги сограѓани,

Бермудскиот триаголник, Тројниот пакт или „Оската на злото“ (СДС-ДПМНЕ-ДУИ), преку своите испрдоци во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC повторно се обидуваат да и наштетат на Партијата Левица која е единствената реална закана за нивната здивена корупција, порачува Димитар апасиев, лидерот на Левица.

Па така, преку противзаконско толкување на одредбата од Изборниот законик која гарантира распределба на медиумското време за платено политичко рекламирање (ППР), се обидуваат – со некакво си Упатство на АВМУ, да ни ја одземат и таа сичушна минутка време за рекламирање на ТВ која законски ни следува!

Да ви објаснам попластично: вкупното време за политички реклами е 9:30 минути на еден час емитувана програма која се дели на следниов неправичен (ама законски) начин: 4 минути за двете најголеми партии на власт + 4 минути за двете најголеми партии во опозиција + 1 минута за партиите кои немаат пратеничка група (како што е Левица) + 30 секунди за вонпарламентарните партии.

И сега, копуциве од АВМУ викаат вака: Арбен Таравари иде у втората група (опозиција), иако сите пратеници на Алијанса гласаа за Владава!?; a Стевчо Јакимовски иде со нас у третата група – иако единствениот пратеник на ГРОМ е во коалиција со ДПМНЕ (за што има писмен документ кој уште Таљат Џафери им го испрати на АВМУ минатите Локални избори, кога истово ова се обидоа да го протуркаат, за среќа тогаш неуспешно).

Оттука, Ванковска и Стевчо ќе треба да делат по 30 секунди – иако единствената партија која го исполнува законскиот услов за третата група е само и исклучиво Левица (и + ДПА која нема свој претседателски кандидат).

На овој начин, со подзаконски акт и со поддршка на странските западни амбасади, сакаат да сменат закон и да го неутрализираат феноменот Левица!

Епа другари, бидејќи ова е обид за АТЕНТАТ врз владеењето на правото – очекувајте кривични пријави на сите поименично во Советот на АВМУ и во ДИК + судска постапка за изрекување привремена мерка за забрана на исплата на целокупното буџетско финансирање на сите партии + тужба за оштета од сите членови, по име и презиме, за милионската штета која планирате да ни ја предизвикате на избориве!

p.s. СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ПЕКОЛОТ, КОПИЛИЊА