40 убиени и 100 повредени е црниот биланс во терористичкиот напад во Москва

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, потврди дека денеска се случила страшна трагедија кога неколку маскирани напаѓачи отвориле оган во концертната сала на трговскиот центар „Крокус сити“ и повеќе од 40 луѓе ги загубиле животите, а повеќе се повредени.

– Сочувствувам со роднините на загинатите – рече тој и нагласи дека на ранетите ќе им биде укажана сета потребна помош.

Собјанин е првиот функционер кој проговори за нападот во трговскиот центар во Москва, но се уште нема официјални информации што се случило.

Сепак, според достапните информации од итната помош, повеќе од 100 лица се повредени, а најмалку 40 го загубиле животот.

По пукањето објектот почнал да гори, а пожарот се проширил на целата површина.