Не примам попишувачи – ваквиот попис го бојкотирам!

Статус на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиумот на Левица.


Не дозволувајте да ве заплашат владините функционерчиња со закани за парични казни. Особено не онакви директорчињата кои не’ убедуваа дека пописот е чиста “статистичка“ операција и дека нема да може други лица да кажуваат за јазикот и етничката припадност на трети лица, па потоа, кога „партнерот“ од власта му ја покажа „ластегарката“ – веднашm како доброволно јагне на колење, јавно се извинуваше за тоа дека било „грешка“ и дека сепак роднина ЌЕ МОЖЕ да го каже јазикот и етничката припадност на некој кој не е тука а ке го попишат како да е тука, оти пописот нема да прави разлика помеѓу резиденти и нерезиденти, туку тој ќе има една единствена задача – да ја прикаже Македонија како збирштина на трибалистички племиња кои крволочно се борат, прво едни со други за кој колку да и откине од „месото“ а потоа и измеѓу внатре како ке се распредели веќе откинатото!

Не се плашете од казна, оти како што Урлике Маинхофт им порачуваше на обвинителите кои за избиените нереди на протестите, пdд инструкции на Владата бараа судот да ги обвини нејзе – поради поддршка со своите написи – и лицата на протестите како одговорни за нередите:

„Кога една кола ќе биде запалена од неколку души, тоа е престап и можете да го третирате како криминален акт па потоа можете и да судите за него, НО кога повеќе коли горат во иста вечер и кои од повеќе луѓе ќе бидат кренати во воздух, тогаш тоа е политички акт, тогаш не се делат казни, туку се поднесуваат оставки!“


НЕ ПРИМАМ ПОПИШУВАЧИ – ВАКВИОТ ПОПИС ГО БОЈКОТИРАМ! Не дозволувајте да ве заплашат владините функционерчиња со закани…

Posted by Реџеп Исмаил on Wednesday, 10 March 2021