Петровски: Граѓаните ѝ дадоа шанса на реалната трета опција

Наративот кој се наметнува дека на овие избори победата на ДПМНЕ значи враќање на Груевизмот, е уште еден очаен обид да се наметне црно-бела слика, со цел да се одврати народот од создавање на еден заеднички опозициски фронт кон предавничките политки на СДС и криминалите на ДУИ. Овие избори за прв пат алудираат на тоа дека како македонскиот, така и албанскиот електорат се буди, и гласа не врз основа на националистички основи, туку на анти-криминални и анти-предавнички.

Иако, на прв поглед изгледа дека ова е победа на ДПМНЕ, сепак ова е победа на обединетиот опозициски фронт, кој стихијно се формираше како резултат на погубните политки на СДС-ДУИ.

Граѓаните и дадоа шанса на реалната трета опција ЛЕВИЦА, која со тек на времето ќе прерасне во прва и единствена опција, зад која ќе застане не само секој Македонец, туку секој граѓанин чија совест не му дозволува да гласа за сите оние партии и политичари кои 30 години ја опустошија оваа држава и не присилија нас младите да ја напуштиме нашата татковина.

А како најголема придобивка на овие избори е почетокот на падот на ДУИ, чие искоренување од сите свери на општеството, во кои ДУИ го кочи владеењето на правото и демократијата, треба да биде приоритет на наредната влада, бидејќи само така ќе си ја спасиме државава.

Сите оние членови на СДС кои се разочарани од сегашното раководство и кои си го задржаа својот став и објективно гледаа на погубното владеење на Заев, треба да изнајдат начин, или да си ја земат партијата назад, или да ја намалат скепсата низ која што ја гледаат ЛЕВИЦА, а со тоа да и дадат шанса, а не како резултат на соросовите медиуми да имаат неоснована омраза кон истата. Сето ова е со цел е да се зголеми кочницата кон ДПМНЕ, со што нема да дојде до формирање на нов Мицковизам.

Како и да е, ова е историски ден, Македонија конечно после 30 години се буди.

ДОБРО УТРО НАРОДЕ!

  • Став на Марко Петровски, студент на Правен факултет и член на Црвена Младина.