АктуелноЛокалноНастани

Гледајте ја Ванковска во поткастот на Лазаров

Е па, драги мои, закажаното “Само интервју” кое требаше да се реализира утре се откажува поради толкувањето на ДИК на еден член од Изборниот законик, објави на социјалните мрежи Билјана Ванковска, која дополни дека не е подготвена да плати парична казна, со што ќе го прекрши законот.

-Кој доби интервју (на која и да е телевизија) – доби! Кој не доби покана навреме, ќе чека кампања. Инаку, ДИК мисли едно, а Антикорупциска – друго. Казната е 8000 евра кои би требал да си ги плати кандидатот. Оди па ризикувај… Иако е нонсенс да наметнеш предизборен молк со глоби, односно да ги доведеш кандидатите во нееднаква положба во претставувањето на личноста, а не програмата, вели Ванковска.

Кандидатката на Левица на претстојните претседателски избори објасни и дека според законот таа во овој период пред официјалниот почеток на кампањата има право на еден јавен настап.

– Јас се одлучив за поткастот на Стефан Лазаров – во недела во 20 часот, истакна таа.