Онлајн школи на Универзитетот во Санкт Петербург: Како да добиете сертификат во било која точка во светот

  • Пишува: Дарко Тодоровски – Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

21 век е век на образование без граници и надвор од политика и геополитика. Државниот универзитет во Санкт Петербург, каде што студираат студенти од повеќе од 100 држави во светот е еден од пионерите и водечките универзитети кога е во прашање онлајн образованието, и разни онлајн школи за деца во Русија. Денес, во услови на нова Студена  Војна и на раскинување на односите помеѓу Русија и Западот, кога практично во Европа и на Западот не е можно изучување на рускиот јазик и учење според руските образовни програми. Затоа, Државниот универзитет во Санкт Петербург реши да отвори „Онлајн школа на државниот универзитет во Санкт Петербург“ за студенти и ученици кои зборуваат руски од целиот свет.

Во просториите на новинската агенција ИТАР ТАСС во Санкт Петербург, 5-ти јули, во присутство на странски новинари од европски и западни држави се оддржа прес-конференција посветена на лансирањето на уникатниот едукативен проект „Онлајн школа на државниот универзитет во Санкт Петербург“ за студенти и ученици кои зборуваат руски од целиот свет. Проектот ќе им овозможи на учениците да студираат онлајн во рамките на образовната програма на Универзитетот во Санкт Петербург во странство и да добијат сертификат признаен од Руската Федерација.

Во конференцијата зедоа учество Николај Кропачев, ректор на Државниот Универзитет во Санкт Петербург, дописен член на Руската академија на науките, Александар Бабич, прв проректор за младинска политика и организација на приеми, и Елена Казакова, директор на Педагошкиот институт на Универзитетот во Санкт Петербург, професор, дописен член на Руската академија за образование.

Почнувајќи од 1 септември, со почетокот на академската учебна година 2023/24, Државниот универзитет во Санкт Петербург, со поддршка на Министерството за образование на Руската Федерација, го отвора првото универзитетско полноправно општообразовно училиште за студенти кои зборуваат руски од целиот свет. Образованието ќе биде бесплатно, на сметка на небуџетски средства на Државниот универзитет во Санкт Петербург.

Специјалисти на Државниот универзитет во Санкт Петербург развиле уникатни школски програми за учење онлајн врз основа на програмите на руското образование за средно училиште. Денес, Државниот универзитет во Санкт Петерубург преку програмата Online School нуди образование по 11 предмети: биологија, географија, природни науки, руска историја, светска историја, литература, математика, социјални студии, руски јазик, физика и хемија. Изучувањето на математиката, хемијата, физиката според руски образовни стандарди се уште е барана и високо се цени на Западот.

Испраќањето на онлајн апликациите за учење во онлајн училиштето во Државниот универзитет во Санкт Петербург траеле од 15 мај до 10 јули 2023 година. Планот за прием е 120 ученици, по 20 луѓе за секој клас. Како што истакна за време на прес конференцијата ректорот Николај Кропачев, во иднина се планира да се зголеми бројот на студенти до 3 илјади луѓе. Приемните испити се спроведуваат онлајн на руски јазик и математика. Во моментов, повеќе од 180 ученици од 5-то до 10-то одделение според руските образовни програми од 38 земји во светот се пријавиле да учат во онлајн школата: Македонија, Израел, Канада, Казахстан, Киргистан, Латвија, Молдавија, САД, Украина, Азербејџан, Естонија, Белорусија, Узбекистан, Австралија, Турција, Црна Гора, Индија, Тунис, Германија, Либан, Малезија, Романија, Туркменистан, Италија, Ерменија, Костарика, Словенија, Никарагва и други земји.

„Патем, посебни онлајн часови за училишната програма на Државниот универзитет во Санкт Петербург беа започнати уште во 2018 година. Ми пријдоа родители на руски ученици од Латвија. Нивните деца немаа можност да учат на руски – само латвиски или англиски. Нашите наставници почнаа да одат во етер секоја сабота и работеа со децата речиси по секој предмет од училишната програма. Тогаш, во зората на проектот, часовите се одржуваа само за 50 студенти од три града во Латвија, но денес онлајн часовите на Универзитетот во Санкт Петербург собираат деца од 11 земји. 2.700 странски ученици од Франција, Летонија (повеќето од нашите ученици се уште се Летонци), Естонија, Египет, Шпанија, Узбекистан, Таџикистан, Казахстан и други земји ја изучуваат програмата од 1-11 одделение на руските училишта – вкупно 11 предмети. Образованието се обезбедува на сметка на небуџетски приход на Државниот универзитет во Санкт Петербург“ изјави ректорот Николај Кропачев.

Во почетната фаза целиот професорски кадар ќе биде составен од професорскиот кадар на Државниот универзитет во Санкт Петербург, а во понатамошните фази ќе бидат ангажирани професори од други држави, меѓу кои и од Балканот.

„Растот на апликациите од странци кои сакаат да студираат на Државниот универзитет во Санкт Петербург е веќе тренд. Шест години по ред, нашиот универзитет е лидер во рејтингот на популарност кај странските кандидати за студирање меѓу сите руски универзитети. Минатата година преку Россотрудничество за едно место за студирање финансирано од државата се пријавиле 21 странски апликант. Имаме осум странски претставништва: во Република Кореја, Кина, Шпанија, Грција, Италија, Иран, Турција (официјалното отворање ќе се случи во блиска иднина) и Узбекистан; Оваа година се отвора нашиот филијален кампус во Каиро. Инаку, покрај онлајн учењето на руски јазик, Универзитетот во Санкт Петербург отвори 112 овластени центри за руски јазик во 50 земји низ светот. Околу 7.000 странци веќе добија државен стандарден сертификат за познавање на рускиот јазик. Имајте на ум дека зборуваме за држави како – Бразил, Грција, Италија, Јапонија и Кина“, изјави ректорот Николај Кропачев.

„Популарноста на универзитетот на меѓународно ниво е во голема мера поврзана со способноста да се предава руски јазик и да се прилагодат студентите да учат според руските стандарди. Ги имаме сите ресурси за да обезбедиме добро ниво на познавање на рускиот јазик за студентите – и студенти и ученици – кои, благодарение на онлајн школата на Универзитетот во Санкт Петербург, ќе можат слободно да учат училишни предмети според општата програма“, рече Александар Бабич.

По завршувањето на онлајн училиштето, учениците ќе добијат сертификат за руски државен стандард и ќе можат да аплицираат за студирање на Државниот универзитет во Санкт Петербург без процедури за препознавање на образовни документи, и без полагање на државни испити.

Онлајн училишта се многу потребни денес и ќе бидат уште повеќе во иднина, а Државниот универзитет во Санкт Петербург е подготвен да го сподели искуството со другите руски универзитети.