Смилев: По закон, Устав и пропис распродадено најатрактивното земјишта покрај езеро Младост

  • Фејсбук статус на Игор Смилев – Советник од Левица во Општина Велес, по однос на распродавањето на земјиштето околу велешкото езеро Младост, од страна на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.

Распродадено е најатрактивното крајбрежно земјиште на велешкото езеро Младост. Проектот за целосна приватизација на езерото започнат во 2007 год. полека се ближи до крајот.

Целокупниот реон над патот е променет до непрепознатливост. Ридот е симнат буквално на нула, а за поглед кон езерото ќе треба скапо да платите.

На Парцелата број 108/38 за чие оттуѓување ставил потпис градоначалникот Марко Колев, а со претходен амин од антинародната Влада на СДС И ДУИ ќе никне хотелски комплекс со минимум 32 апартмани и со висина од над 20 метри.

И нормално, се е по Закон, Устав и Пропис, освен што ние од Левица лаеме и манипулираме. И Освен што градоначалникот додека ме гледаше во очи лажеше дека таа парцела ќе биде само за пристапен пат.

Го дадовме курбан нашето езеро за грст златници. Езерото станува нова Бабуна – симбол за најголема легална дивоградба на државата во режија на политичките елити на СДС, ДПМНЕ И ДУИ!

За сите детали ќе бидете навремено информирани во следните денови.

П.С. Немојте да одите на езеро. Повеќе нема што да видите. И не му верувајте на Колев дури и кога лаже !!