Тони Блер е воен криминалец а неговата посета на Македонија е крајно сомнителна

Вчера, владините прес служби информираа дека Заев го пречекал Тони Блер, поранешниот премиер на Британија. Покрај тоа, средби со Блер оствариле и Маричиќ, Адеми и Забрчанец. Тони Блер е подобро познат како воен криминалец кој играше одлучувачка улога во интервенционистичката политика на Британија на Балканот како и на Блискиот исток. Во 2016 година беше објавен Чилкотовиот извештај за војната во Ирак, кој врз основа на темелни јавни истраги заклучи дека војната во Ирак била нелегална и дека била започната врз основа на фабрикувани докази со директно учество и знаење на британските служби и на тогашниот премиер Тони Блер. Војната во Ирак ја уништи државата и резултираше со половина милион жртви и неброени последици за народот од Блискиот исток. Врз основа на неговата улога во овие интервенционистички војни на агресија Блер заслужува повеќе стотини години затворска казна.

Единствената причина зошто тој е слободен и постојано е рехабилитиран од мејнстрим медиумите, е во тоа што Британско-Американскиот военоиндустриски комплекс ги штити сопствените пиуни, за возврат на нивната доживотна служба. 

Симптоматичен е тајмингот на посетата на Тони Блер, која доаѓа во истата недела кога во земјава пристигува бран на политички бегалци после поразот на НАТО агресорите во Авганистан. Претходната посета на Тони Блер беше во 1999 година во Стенковец, бегалскиот камп каде беа прифатени косовски бегалци, поголемиот број од кои потоа се доселија во Македонија, и покрај уверувањата на политичари како Блер, дека нивниот престој во земјата ќе биде привремен, тоа не беше така, напротив само после 2 години од косово се случи воеан агресија кон Македонија. Имајќи ја во предвид криминалната историја на Тони Блер, неговата средба со Зоран Заев несомнено ќе донесе нови штетни последици врз нашата држава, која во најмала рака повторно ќе биде искористена како депонија за остатоците на Западниот империјализам.