Ванковска: Нема да ја изневерам довербата на Левица

Огромна благодарност за можноста, Левица! Нема да ја изневерам вашата доверба во мене, посочи Билјана Ванковска, откако официјално беше поднесена нејзината кандидатура за претседател на Република Македонија.

-Борбата не почнува со нас, а нема ни да заврши – ќе биде континуирана! Сега е историски миг да се разбудиме како народ кој се преправа дека спие. Ќе го кажам сето она што другите го премолчуваат или вртат како “дожд околу градот”. Ќе понудам опции, бидејќи не може да живееме во постојан страв и убедување дека “нема друга алтернатива”. Одиме! Заедно! Кон денот на победата над фашизмот – 9 мај, посочи професорката.