САД распоредија нуклеарна подморница со крстосувачки ракети на Блискиот Исток, со цел да се „задржи Иран“

Во услови на зголемени тензии меѓу Израел и Иран, САД распоредија нуклеарна подморница со крстосувачки ракети на Блискиот Исток, пишува „Њујорк тајмс“. 

Американските власти рекоа дека распоредувањето на нуклеарната подморницата УСС Флорида има за цел да го одврати Иран и да ја одржи стабилноста на една од најпрометните поморски траси во светот, низ која се превезуваат комерцијални стоки, нафта и гас во вредност од милиони долари секој ден.

УСС Флорида е подморница која е способна да носи 154 крстосувачки ракети Томахавк, и пред неколку дена поминала низ Суецкиот канал, изјави претставник на американската морнарица.

Тоа доаѓа еден ден откако 5-та флота на американската морнарица и нивните партнери издадоа предупредување со кое ги советуваа сите бродови да ја следат нивната рута „ со претпазливост “ поради зголемените тензии меѓу Иран и Израел.

Американската војска и израелските разузнавачки агенции соопштија дека Воздухопловните сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда наводно подготвуваат напади со беспилотни летала врз цивилни трговски бродови во Израел во Персискиот Залив и Арапското Море, пишува весникот, цитирајќи два високи западни разузнавачки извори.