Левица: Багери работат во зелениот појас на Водно – Богоев не превзема ништо

Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – ЛО Карпош:

Како се ближат локалните избори така и бетонизацијата на Општина Карпош станува се поинтензивна. Со секој поминат ден Стефан Богоев ги преточува неговите предизборни ветувања во лаги и манипулација на Карпошани.

Ако во 2017 година протестираше за стопирање на урбаната мафија, сега тој е покровител на градежната офанзива која се случува во секој дел од општината, додека, истовремено ја рекламира својата лажна заложба за зелен и еколошки Карпош.

Само неколку денови откако мнозинството во советот го изгласаа предлогот за дополнување на програмата за урабнистичко планирање за 2021 година со која се предвидува годинава да биде донесен ДУП за четврт Ј 04, багери и друга механизација започнаа со уништување на зелни површини во т.н. Шпанско село, на горните делови на Козле.

Со ова се продолжува немилосрдното уништување на зеленилото на Водно. За годинава најавен е и нов урбанистички план за Жданец, Трнодол и горните делови на Нерези, а токму во Нерези, со амин на Општината, се спроведува најголемата градежна окупација во Карпош.


БАГЕРИ РАБОТАТ ВО ЗЕЛЕНИОТ ПОЈАС НА ВОДНО – БОГОЕВ НЕ ПРЕЗЕМА НИШТО Како се ближат локалните избори така и…

Posted by Левица – Карпош on Saturday, April 17, 2021