Годишнина од формирање на АФЖ-Левица – Трибина „Жени во политиката“

По повод годишнината од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените на Левица (АФЖ-Л) и во чест на Денот на жената – 8 Март, најавија свеченоста и трибина на тема „Жени во политиката“.

Според соопштението, на трибината ќе бидат презентирани резултатите од спроведеното истражување од страна на проектен тим од АФЖ-Л, а во врска со аспектите на вклученост на жените во политиката и нивните размислување.

На настанот, свое присуство и обраќање ќе имаат и првата кандидатка на Левица за претседател на Р. Македонија, професорката Билјана Ванковска и претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев.

Настанот се реализира под слоганот „Борбата пак се раѓа“, а ќе се одржи во КИЦ – Скопје (салон 19:19) со почеток од 19ч.