Ники Хејли се откажа, Трамп закажа нова пресметка со Бајден

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли денеска на прес-конференција објави дека ја прекинува кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, за кандидатската позиција на претстојните претседателски избори во САД.

„Со голема веројатност, Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат. Му честитам и му посакувам се најдобро. Му посакувам добро на секој што би бил претседател на Америка“, изјави Хејли.

Речиси е сигурно дека на претседателските избори ќе се соочат Џо Бајден и Доналд Трамп.