Во Музејот на Град Скопје, во четврток на 14 март со почеток од 19:30 часот Ана Митевска ќе ја претстави својата најнова изложба „Приказни во тиркиз – Извор на животот“.
Секое нејзино платно раскажува уникатна приказна и преку живописните тиркизни тонови ги поканува гледачите да се нурнат во безграничниот свет на уметничката креативност.
Оваа уметничка авантура ќе биде отворен повик за интроспекција и слободно толкување, како и своевидна подигната завеса кон имагинацијата. Во делата на Ана, тиркизот не е само боја, туку комплетно патување низ хоризонтите на апстрактната креативност, а нешто повеќе за ова патување на изложбата ќе каже и кураторката Гордана Велков.