НР Кина: НАТО да се извини за жртвите во Србија, Ирак, Либија, Сирија и Авганистан

Реториката помеѓу НР Кина и САД постојано се заострува, како резултат на вмешувањето на САД во прашањето за Тајланд, што претставува грубо нарушување на внатрешните работи во НР Кина.

Дипломатите помеѓу овие две земји постојано си разменуваат остри пораки, што е проследено со зголемување на воените буџети и со закани од можни конфликти, заострувајќи ја ваквата ситуација.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на НР Кина, Жао Лиџијан, на твитер сподели објава во која вели дека НАТО треба да им се извини на Србија, Ирак, Либија, Сирија и Авганистан за 900.000 жртви, вклучително и 400.000 цивили, предизвикани од оваа алијанса во војните што започнаа во 2001 година, како и колатералната штета од милиони бегалци.

Тој, исто така, претходно изјави дека САД се земја која најмногу војува во историјата на човештвото и дека тие се најголемата закана за мирот и развојот на планетата.