Вперете го прстот кон себе, немојте кон нас – зашто ги бележиме сите ваши „успеси“!

Статус на Дарја Мустафаоглу – член на Црвена Младина.


Секако, народот е виновен, особено ние – младите!

Ние сме биле несовесни, не сме се придржувале до препораките, па ситуацијава е ваква каква што е. Сите нивни мерки биле супер, па со онаа забрана за движење после 22 часот нѐ доведоа до состојба да веќе не многу се задржуваме на бројките на новорегистрираните, туку на починатите. И не дека се точни овие бројки, туку со 2600 денари за тест, еден се тестира надевајќи се да биде негативен, а тројца дома чекаат резултат. На секој еден регистриран двајца – тројца позитивни не се регистрирани, оти треба 150 евра за тестови – Од каде? А лекарства? А болница? А не дај боже…?

Направија секакви акробации, само и само да спроведат попис: „Нови мерки не се потребни – нема да бидат целисходни“, „Има строги пропишани протоколи за попишувачите“, сето тоа само и само во проценти да ги претворат нивните етнички поделби со кои нѐ владеат години и години. Па нели пребројаа досега дека ние сме во најголем процент сиромашни, препуштени на судбината, на надежта здрави и живи да го дочекаме наредниот ден?! Нас нѐ етикетираат како несовесни, а нивните фејсбук статуси „И покрај строгото почитување на мерките денес добив позитивен резултат на Ковид-19“ се изјави на совесни функционери?! И покрај апелите од нивна страна за строго придржување до шминкерските мерки за кои тврдеа дека се доволни?

Престанете веќе со вашата контрадикторност! На прес конференции нѐ „тешите“ демек не е кај нас најлошо, демек не сме први по морталитет, демек и во другите држави било лошо… Нѐ мотивирате дека уште малку па ќе бидеме на прво место? Дека ќе бидеме најлоши – лидери во светот?! А има и држави каде се прогласува победа над вирусот. Има држави каде се воведуваат ефективни мерки кои даваат резултати и не се става сиот товар врз плеќите на народот. Господа функционери, не поминува веќе она „ќути, трај има и бетер“. Вперете го прстот кон себе, немојте кон нас. Немојте, зашто ние ги бележиме сите ваши „успеси“!


Секако, народот е виновен, особено ние – младите! Ние сме биле несовесни, не сме се придржувале до препораките, па…

Posted by Darja Mustafaoglu on Tuesday, 6 April 2021