Документ од Албанија со кој на Македонците им се дозволува да учат на македонски јазик од 1946 година

„Оригинален документ од Албанија, со кој на МАКЕДОНЦИТЕ им се дозволува да учат на мајчиниот МАКЕДОНСКИ јазик, во училиште во Горно Крчиште.

Бугарските агентури со години пробуваат и таму да измислат “бугарско малцинство”, какво што си креираа во Битола и Охрид од шака изроди и предавници на својот род, кој се подадоа да одат дури до Софија и да плукаат по земјата која ги хранела и растела 30-40 години, да плукаат по родот, семејствата и нашата историја.

Македонци од Албанија, секоја чест – длабок поклон кон вашата борба!

*Превод на документот:
Смрт на фашизмот – Слобода на народот
Народна Република Албанија
Министерство за образование
Протокол бр. 92/13
Тирана, 11.02.1946 година
Предмет: Отворање на училиште на македонски јазик во Крчиште бр. 316 од 28.01.1946 година.

Комитетот во округот Пешкопеја, секција за образование
Земено е предвид барањето на селаните од село Горно Крчиште за отворање на училиште на македонски јазик. Во училиштето ќе се учи на само македонски до трето одделение, а во погорните класови ќе се држат и три часови албански јазик.
Училиштето ќе функционира според законите во Албанија.
Министер за образование
Проф. Кристаќ Ципо“