Штрајк на железничките работници

Уште еден бунт на работниците во Македонија!

Од денес,12 декември, блокиран е товарниот и патничкиот сообраќај на железниците. Работниците штрајкуваат поради неисплаќање на платите кои, за разлика од некои државни комисии, чесно и со труд ги заслужиле. Најавуваат дека штрајкот ќе трае сè до исплаќањето на платите, вториот дел од октомвриската и целата ноемвриска плата.

Од власта ветуваат средба само ако работниците попуштат и го прекинат со штрајкот, што, сосема очекувано, е неприфатливо за нив.

Ова е втор штрајк на железничките работници годинава, откако штрајкуваа во фебруари за време на снимањето на филмот „Исцелител“ кој, меѓу другото, ја прикажува состојбата на железничките работници.