Колку треба да вложат, а колку ќе заработат земјоделците од еден хектар пченица

  • Фејсбук Статус на Иванче Ристевски – Модератор на Левица во Општина Могила.

Пример за 1 хектар пченица.

Расходи:
Обработка на почвата – 3500 мкд
Сеидба – 2000 мкд
Семенски материјал – 8000 мкд
Ѓубрење – 2000 мкд
Ѓубрива – 10 000 мкд
Прскање – 1500 мкд
Билки за прскање – 6000 мкд
Жетва – 6000 мкд
Вкупно расходи: 39000 мкд

Приходи:
Пченица 3000 до 5000 кг х 9 денари откупна цена во сезона – 27 000 до 45 000 мкд

Напомена: Не се пресметани субвенциите. Цената на пченицата е од ланската реколта што не значи дека оваа година би била значително повисока. Каде се дневниците на работникот и тоа што сам си плаќа пензиско и здравствено осигурување како земјоделец?

Се додека власта ги омаловажува нашите земјоделци и си гледа само личен профит, на поединци од нивните редови, нема да не биди. Полесно им е да увезат од држави каде што приносот достигнува и до 1200кг/хектар и плус, најбитното, таму има „бизнис”.

Ова поднебје, оваа родна почва и овие сончеви денови што ги има Македонија жално е да не се искористат. Ние наместо да извезуваме ќе не донесат до увоз на земјоделски производи.