Ретроспективната изложба на Владимир Георгиевски во Домот на културата ‘Тошо Арсов’ во Виница

Денес 05.03.2024 година во Домот на културата ‘Тошо Арсов’ во Виница ќе биде отворена ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус .

Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк”, чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.
Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк” е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје. Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.