Дедоларизацијата е неповратен процес – Изјави Путин на Самитот на БРИКС

Земјите од БРИКС ја интензивираат соработката за да постигнат поголем економски раст и развој и тоа носи опипливи резултати. Помеѓу нас постои партнерска поддршка, соработуваме врз основа на еднаквост и тоа е суштината на нашиот стратешки курс што одговара на основниот дел од светското општество, односно неговото мнозинство“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин, на самитот на БРИКС, во Јужна Африка.

Претседателот на Русија, истакна дека процесот на дедоларизација во пресметките меѓу земјите од БРИКС е неповратен. Земјите од БРИКС соработуваат на принципите на еднаквост и партнерска поддршка – трговскиот промет на Русија со партнерите надмина 230 милијарди долари, изјави Путин.

Тој посочи дека и по овој самит ќе се разгледуваат низа процеси поврзани со транзицијата кон националните валути. Улогата на банката за развој на БРИКС, која веќе се покажа како пандан на западните финансиски институции, е многу важна, истакна Путин.

Рускиот Претседател констатираше дека земјите од БРИКС треба да решаваат сложени задачи во услови на пазарна нестабилност и инфлациски притисок поради неодговорните постапки на голем број земји.