[ВИДЕО] Еуромакс се заканувале на сточар повеќе да не ги користи пасиштата

Веќе втор ден локалното население од Струмица се мобилизира со блокади против археолошките истражувања кој ги изведува Музејот од Струмица, финансиран од корпорацијата Еуромакс. На денешната блокада не се појавиле претставници од Еуромакс и Музејот, но активистите најавуваат дека нема да се откажат од блокадите се додека не биде одземена концесија за рудникот Иловица-Штука.

Вработен во Музејот и Заводот од Струмица на вчерашната блокада

Денес „Здрава Котлина” на својот фејсбук-профил објави видео од локален сточар кој сведочи за својата средба со претставниците од Еуромакс.

На видеото сточарот Сандо објаснува дека претставникот од Еуромакс, придружен со преведувач, му кажал дека не смее веќе тука да ги паси кравите. Постариот сточар објаснува дека целиот живот својата егзистенција ја обезбедува преку одгледување крави и дека доколку рудникот се отвори, целата површина ќе биде загадена, а егзистенцијата на неговото семејство ќе биде загрозена. Во прилог погледнете го целото видео објавено од „Здрава Котлина”.

Дедо Сандо и рудникот на смртта

ДЕДО САНДО СО КРАВИТЕ И РУДНИКОТ НА СМРТТАСлушнете го овој емотивен и искрен говор на дедо Санде, сточар од Иловица. Зарем не ви значат ништо зборовите на овој човек?„Тргнах тука за руднико, слушам рудник ќе се отварало тука. Дали најпрво некој тај шо мисле да отвара рудник, заврти се на таа страна и види ја таа убавина. КОЈ МУ ГА ДАДЕ ОН ДА МИ ЈА УНИШТЕ НА МЕНЕ? Кој му га даде, јас саа мојте крави, кравар сум јас крави гледам, ќе ги напасам ќе консумират лоша трева, нема никој да ми земе млеко. Никој ни кашкавал, ни месо, ништо! Плус тва тука имам десет деца изгледано најмалко од кравите шо си зимат млекце секое сабаале, нека се живи и здрави. Ја толкави сега пораснаа одат на школо. Как ќе им даам утре јас на тија деца млеко да јадат? Нездраво млеко, сомнително и тоа недобро. Јас најпрво јас не смеам да го консумирам да го јадам, камоли на друг да го давам! Тава не е добра работа! – Ти се плашиш дека ќе нема веќе кај да ги пасиш кравите?И тава знаеш што? Дојде тај Англичанецо, дојде кај мене, лани ли беше полани, и ми вика КРАЈ СО КРАВИТЕ, да не сум ги пуштувал да пасат надвор на така на така. Абе зашо? Имаше една таква шо преведува, едно девојче, вика дедо Сандее ич кравите веќе! Ами шо ќе праам јас? Ај тва ќе го забранеш тука, тава такво ќе се дигне прашина, ќе дојде доле и у Урошево, еее дека е, ќе накосам, ќе донесам дома и ќе ги наранам. Пак исто е такво, па иста болест ќе ја добијам. Значи не само тука шо ќе загадат, ќе ми загаде и доле бе човек! АБЕ И ДОЛЕ ЌЕ МИ ЗАГАДЕ!Абе не знам шо е таа работа. И тука ка беше Заев, му речех на Премиеро – Премиере ти сила Бога не моле, тоа шо е незнам. Ама дали имаш ти сила и такво да ме иселеш барем од тука начисто, па шо сакате после правејте. – Има ли кај да се селиш?Не бе немам пари, он да ми даде пари, да ме обештете и со куќи и со такво, државата каква е сиромашка, не е сиромашка глеам богата е ногу, нека ме иселе од тука тортоп, шо сакаат нека праат после тоа, ама нас да не нема тука! ОНИ НЕКА ДОАТ ДА ЖИВЕАТ ТУКА НА ТОА ПРЕДЕЛ, НЕКА ЗАГАДАТ ТУКА СЕ!ТАВА НАЈПРВО Е ГРЕОТА! Говорам, ама на плак ме тера, треба да ти е јасно, веруваш ли ми? Тава не е шала! Тава не е едноставно!“

Публикувахте от Здрава Котлина в Вторник, 18 юни 2019 г.