Ако Украина не успее да се одбрани, Полска ќе влезе во конфликт со Русија

Доколку Киев не успее да ја „одбрани својата независност“ на бојното поле, тогаш полската армија ќе мора да стане директен учесник во конфликтот со Русија, изјави полскиот амбасадор во Франција, Јан Емерик Рошчишевски за телевизијата LCI, пренесува РИА.

Според амбасадорот, украинската криза е првенствено борба за основните вредности и култура на Западот, поради што е толку важно да се бранат.

Шефот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, истакна дека Вашингтон и Варшава работат на планови за воспоставување воено-политичка контрола на Полска врз „историските поседи“ во Украина. Според руските разузнавачки служби, Полска се подготвува да заземе територии во западна Украина.

Инаку Полска е голем снабдувач на оружје на Украина. Полска деновиве ќе и донира советски борбени авиони МиГ-29 на Украина, со што ќе стане првата земја од НАТО што ќе го обезбеди долго бараниот авион, пишува Вашингтон пост.