„Повисоко од себеси “/ Higher than onself изложба на Тони Шулајковски во КИЦ

Во четврток (19.10.2023) со почеток од 20:00 часот во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал II ќе се отвори изложбата „Повисоко од себеси “/ Higher than onself изложба на Тони Шулајковски.

М-р Тони Шулајковски е академски сликар и ликовен педагог. Роден е 1969 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности (ФЛУ) – Скопје,Педагошки оддел, насока сликарство во класата на проф. Ана Темкова во 1992 година.

Член е на ДЛУМ  од 1993 година.Од учебната 1996/1997 година работи како  ликовен педагог во ООУ „Петар Поп Арсов” и  ООУ „Аврам Писевски”

Постдипломски студии – насока сликарство завршил на ФЛУ во класата на проф. Родољуб Анастасов во 2002година.

Од 2005 година – работи со талентирани деца  во приватното ликовно студио во креативниот центар“АРС ВИВЕНДИ”