Изложбата на слики од авторот Трајче Чатмов во Уметничка галерија Амам – Гевгелија

На 19.10.2023 год, (четврток) со почеток во 20:00 часот во Уметничка галерија Амам – Гевгелија ќе се отвори изложбата на слики од авторот Трајче Чатмов.

Денешното сликарство, кое Чатмов го прави препознатлив на регионалната ликовна сцена, колористички богато, каде палетата – на прв поглед сирова, крие сензибилни и експресивни добро изградени површини. Формите се поетски – разиграни, ликовите во сликите на Чатмов се карактерни личности.

За разлика од раните сликарски експерименти, клучниот мотив во денешното сликарство на Чатмов  е обичниот човек и неговото опкружување. Исто така, Чатмов не се лишува да направи забелешки поврзани со одредени историски настани, и на истите да им вметне емотивна и емоцијална примеса.

Неговото сликарство е отворено, искрено и спонтано, всушност каков е и тој самиот.