Левица учествува на младинскиот форум за развој во Пекинг

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Денес, во Пекинг започна Младинскиот Форум за Развој „Мост на иднината”, во организација на Народна Република Кина. На форумот земаа учество претставници од земјите на Централна и Источна Европа, каде што учество имаат младински лидери од десет земји, вклучувајќи ги: Кина, Македонија, Србија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Полска, Чешка, Словачка, Бугарија и Романија.

На овој форум претставник од нашата младинска организација е претседателот на Црвена Младина, МАРИО ЈАНЕСКИ.

На отварањето на форумот свое излагање имаше Првиот Секретар на Секретаријатот на Централниот Комитет на Младинската Комунистичка Лига, Хи Јунг, кој истакна дека е потребно зацврстување на односите на младите од земјите од Н.Р. Кина и Централна и Источна Европа, како и земјите вклучени во иницијативата Појас и Пат, базирани на регионална и интернационална взаемно корисна соработка, како јадро и промоција во креирањето на заедничка иднина на младите.

Левица ќе продолжи да ја негува традицијата на работничката култура и нејзините класни интереси во политиката. Покрај заложбата во придобивање на младите кон редовите на пролетеријатот, нашата младинска организација ќе предводи во процесот за оттргнувањето на младата популација од влијанието на сите бои и нијанси на опортунизмот, империјалистичката култура и буржоаската малограѓанска идеологија и политика.

Заедничка регионална и глобална соработка на младите базирана на меѓусебно разбирање, почит, поддршка, одговорност, емпатија, наместо себична експлоатација е еден од нашите највисоки приоритети.