Да здивнеме и одиме во вистинската битка која ни претстои, порача Апасиев

Народе, фала ви на сите што успеавме да собереме 10.000 потписи! Покажавме дека зрееме и растеме и имаме дисциплинирана структрура која почнува да боде очи на нашите политички непријатели, кои до вчера не’ потценуваа, порача Димитар Апасиев на социјалните мрежи.

– Огромно фала до нашите активисти од локалните ограноци и волонтери на штандовите низ цела Македонија. Без вашето оставање срце на терен, ништо од ова немаше да биде можно. Благодарност и до Професорката која си го жртвуваше раатот и влезе искрено во Борбата за нашата заедничка кауза, вели лидерот на Левица

Апасиев потестува дека собирањето на потписи сè уште трае.

– Собирањето потписи се’ уште трае (до 8 март 2024). Сите кои сакате да оставите политичка трага на едно големо народно будење, можете релаксирано да се потпишете до крајниот рок. Канцелариите на ДИК работат и за викенди, до 20:00 часот.

Да здивнеме, и одиме во вистинската битка која ни претстои, додаде тој на крајот од објавата.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fdimitar.apasiev%2Fposts%2Fpfbid06dJpLMgqCNiHfmW9d9ki9rKaxnATxUP8J93qmtLVn1JFfr584swTPNZBhhaVt9Jjl&show_text=true&width=500