Левица: Дуп-от изгласан од ДПМНЕ И СДСМ за Пуцко Петрол укинат на Уставен

  • Реакција на Левица Карпош

На денешната седница на Уставниот суд на Република Македонија беше укината Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт З 04 блок 04.05. Се работи за деталниот урбанистички план за делот кај СЦ „Борис Трајковски“ во јавноста познат по спорната бензинска станица на Пуцко Петрол, компанија блиска до структурите на ДУИ.

Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП, не е во согласност со ГУП.

За овој ДУП минатата година гласаа советниците на ДПМНЕ, СДСМ и ГРОМ додека советничката група на Левица беше против истиот, предупредувајќи дека зад истиот се кријат единствено бизнис интересите.

Укинувањето на овој урбанистички план на виделина ја исфрли и лицемерната локална политика на ДПМНЕ кои во Општина Карпош гласаат ДУП-ови во интерес на сомнителни бизнис субјекти, но не и ДУП-ови во интерес на карпошани.