АктуелноИнтернационално

Борел го осуди насилството во Косово oд косовските власти

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, истакна дека ЕУ најостро го осудува „шокантното насилство во Звечан“, повикувајќи ги косовските власти и демонстрантите да ги намалат тензиите.

Борел на Твитер изјави дека „насилните дејствија извршени врз војниците на КФОР, цивилите и припадниците на полицијата“ се апсолутно неприфатливи.

„ЕУ силно го осудува шокантното насилство во Звечан. Насилните дејствија извршени врз војниците на КФОР, медиумите, цивилите и полицијата се апсолутно неприфатливи. ЕУ ги повикува косовските власти и демонстрантите веднаш и безусловно да ја намалат тензијата“, нагласи Борел.

Тој додава дека ЕУ очекува од партиите да се однесуваат одговорно и веднаш преку дијалог да најдат политичко решение.