Ванковска: Рамковниот договор креираше етнички елити на сметка на граѓанскиот концепт

Рамковен договор имаше 20 години време да се тестира во практика и знаеме дека договорот стана дел од Уставот преку уставните амандмани, при последната промена на Уставот дури влезе и во преамбулата, што е нон-сенс технички правно, вели Билјана Ванковска.

Таа беше гостин во „Само интервју“ на Канал 5, каде се осврна меѓу другото и на Рамковниот договор, кој таа смета дека е антиграѓански концепт.

-Меѓутоа велам во тие 20 години вие можете наместо Фејсбук статуси да ми барате, да ги видите моите научни трудови, во мојот учебник Политички систем е изложена критиката на консоцијанскиот модел која го слабее граѓанскиот сустрат, демократскиот и наместо тоа состава картел на етнички елити и тука практично нема граѓани како актери и како субјекти, вели Ванковска.

Целото интервју со кандидатката на Левица за претседател на Македонија, погледнете го видетот: