Нестручноста на партиските кадри е директен виновник за енергетската криза

Владата пред неколку дена прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор. По оваа одлука стравувањата на јавноста од рестрикции и зголемување на сметките за струја, се оправдани. Луѓето кои ја доведоа државата во ситуација на енергетска криза, уверуваат дека рестрикции нема да има, но нагласуваат дека сметките за струја ќе останат исти само до крајот на годината.

Министерот за економија Крешник Бектеши минатата недела рече дека енергетската кризна состојба се прогласува заради големите ценовни шокови на берзите за струја, целта на кризната состојба е Владата директно да префрла средства во буџетот во ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност.

Веројатно заради политичката состојба која се наоѓаме, Владата, со прогласувањето на енергетска кризна состојба, проблемот го решава привремено. Односно, покачувањето на сметките за струја на граѓаните ќе биде одложено само за кратко, (веројатно до нова година), истото одложување се плака од нивен џеп (буџетот), а стратегија за долгорочно решавање на проблемот засега нема.

Според Бекташи, Уредбата за прогласување на кризна состојба се направени измени за да може да се префрлат средства (народни пари) за енергетските компании.

„Од Министерството за економија се обезбедени околу 100 милиони евра за да може да се интервенира во овие две компании за да може МЕПСО да ги покрие долговите кои ги има, а ЕСМ да обезбеди јаглен за производство на електрична енергија“, рече министерот.

Претходно периодов, АД ЕСМ распиша тендер за дополнителна набавка на јаглен за РЕК Битола за потребите на стопанството и институциите, наведувајќи дека тоа е потребно за да се зголеми домашното производство за фирмите и институциите да добијат струја поевтина од оние на берзите.

РЕК Битоа е еден од најголемите загадувачи на животната средина во земјава, термоелектраната која произведува до 70 проценти од потребите за струја, и покрај огромните профити, години наназад нема вложено ниту да ги задоволи еколошките минимални стандарди. Избувнувањето на пожари во електраната, кое се случи минатата недела дополнително укажаа на тоа колку лошо партиските кадри управуваат со државните ресурси.

Овој пожар во трафостаницата на постројката, а потоа и дефект во Блокот 1 што доведе до привремено запирање на работата, државата моментално ги ги покрива преку увоз за неколкукратно повисоки цени, сето ова на сметка на граѓаните.

Од АД ЕСМ посочија дека струја за домаќинствата има и дека компанијата во целост ги испорачува потребните количини на електрична енергија, но по сите овие случувања, јавноста овие уверувања ги прима со резерва.