Мециновиќ: Народот од сите партии само во Левица гледа сојузник кој се бори против политичарите-олигарси

Левица е против покачувањето на платите на функционерите, односно олигарсите, вели на денешната прес-конференција портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ.

“Првично, ова зголемување на платите во овој момент не е фер, народот поминува низ страшна економска и енергетска криза, политичката елита навлегува во бизнисот со енергенси. Ова не се обични луѓе туку луѓе од олигархијата кои имаат криимнални дејствија, Левица е за намалување на привилегиите на функционерите, законски решенија кои ги поднесе Левица, а кои другите партии не ги поддржаа.” – вели Меционциќ.

Тој додаде дека народот не гледа друга алтернатива и смета дека ниедна партија освен Левица не застанува во негова одбрана и не се бори со “олигарсите”.