Апасиев ги повика граѓаните да ѝ се приклучат на борбата што вреди

Првиот човек на Левица, Димитар Апасиев ги повика граѓаните да се приклучат масовно на политичката борба што ја предводи неговата партија.

На социјалните мрежи тој постави дел од програмата на Левица, со којшто партијата ќе се обиде да го направи животот на Македонецот достоинствен.

– Ограничување на висината на кириите, домашна силна индустрија – наместо странски инвестиции, чиста околина – без урбанистичка мафија, младите да работат со знаење а не со врски итн.