Пензиите ќе пораснат за симболични 5 проценти

Пензиите од 1 март ќе се зголемат за 5%, изјави денеска министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

-Добиени се сите податоци од статистика, веќе е направена пресметката. Јас тоа не би го кажал зголемување, бидејќи 5% колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени во петок ќе биде како дополнување на нивните пензии – рече тој.

Во согласност со новата методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата.

Најниска пензија со септемвриското зголемување изнесува 12.527 денари, а највисоката 73.502 денари. Тоа значи дека пензионерите со најниска пензија ќе добијат само 626 денари покачување, а оние со највисока пензија зголемувањето е од  3.675 денари.