(Видео) Апасиев: Власта му служи на банкарското лоби и одбива да ја регулира затезната камата

  • Денешниот говор на Пратеникот Димитар Апасиев по повод измените во законот за облигациони односи

Сагата со затезните камати за граѓаните продолжува и овие два закони кои што се предложени од пратениците на Левица, а се препишани од СДС, дојдоја на дневен ред. Меѓутоа, банкарското лоби очигледно ги закочи. Силни беа најавите дека на каматите им доаѓа крајот, но ништо од тоа. Затоа што, за Законот за извршување и за Законот за облигациони односи дописи пратија крвопиите на граѓаните. Тоа се Стопанската Комора, Македонската банкарска ацосијација, тоа се Телеком, Извршителска Комора, Нотарска Комора, ЕВН итн.

Сите овие со рафален напад кон пратениците да не се донесат измените на овие два закони. Дрскоста оди дотаму, што во дописите тврдат дека ќе ги лишиме од загарантиран приход – односно затезните камати си ги планираат за гарантиран приход. Само за првите три месеци од оваа година, Комерцијална банка кеширала 17 милиони евра од камати, со тенденција да достигне 70 милиони евра до крајот на годината. Затезната камата во Македонија е несразмерно и неправично казнувачка по граѓаните кои влегле во минус. Такви се 80% од граѓаните кои се вработени и кои што се кредитоспособни. А зборуваме за кредитоспособните, сиромашните не ни можат да дојдат до банкарски услуги и земаат брзи кеш кредит.

После пет мои обраќања на темава, се одваживте да препишете од изборната програма на Левица и конечно да ја регулирате затезната камата. Влеговте храбро и ништо од тоа не испадна. Иако Омбдусманот ви праќа допис секоја година дека луѓето се во должничко ропство и дека луѓето не можат да врзат крај со крај . Еден член е во прашање и тој не можете да го смените.

Каматите на одењата во минус на кредитна картичка се 12,75% што е светски рекорд и го нема никаде во светот, односно се што е над 4% е лихварска камата. Еден член предлагаме и тој гласи: „Казнената камата престанува да тече по сила на закон кога сумата на втасаните, а неисплатени камати, ќе ја достигне висината на главницата.” Значи пратениците на Левица предлагаат да се воведе забрана за течење камати на камати со што директно ќе им се помогне на граѓаните кои не можат да излезат од должничко ропство на банките.