Ирански танкер со помош пристигна во Венецуела и покрај заканите од САД

Вчера пристигна иранскиот танкер во венецуелските води со приближно 45,5 милиони галони бензин, со цел да се ублажи кризата во Венецуела предизвикана од санкциите на САД. Од Телесур објавија дека националната боливарска армија без проблеми интервенирале за прием на танкерот на венецуелското пристаниште.  

Минатата недела, анонимен висок претставник на администрацијата на Трамп изјави дека иранската испорака на гориво „не само што не е добредојдена од страна на САД, туку е непожелна и од регионот и се разгледува какви мерки ќе бидат преземени“. Иако оваа изјава не беше потврдена од американската влада, ИР Иран ја прифати како закана. Поради опасноста САД да го спречи пристигнувањето на помошта, иранските власти реагираа против американското мешање во трговијата меѓу суверени држави.

„Принудувањето државите да ги прифатат нелегалните барања од САД е закана по мултилатерализмот како основа на меѓународните односи и претставува опасен преседан, при што се отвора патот за оние кои се стремат да разделуваат нации, наместо да обединуваат“, напиша иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф до генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, на 22 мај.

Неколку часа пред пристигнувањето на иранскиот танкер, министерот за надворешни работи на Венецуела преку видео-конференција реагираше дека американската блокада вклучува арбитрарни и незаконски акции против венецуелскиот народ. Дополнително, додека КОВИД-19 предизвика здравствени вонредни состојби ширум светот, притисоците од САД врз Венецуела претставуваат злосторство против човештвото, поради тоа што боливарската држава не е во можност да набави не само резерви за својата нафтена индустрија, туку и храна и лекови за својот народ.

Iran helps Venezuela counter US sanctions

Iran is helping Venezuela deal with US sanctions.

Публикувахте от teleSUR English в Вторник, 7 май 2019 г.